Еден пожар во моментот е активен на територијата на цела Македонија на која вчера горело на 29 места, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активен е пожарот во Општина Липково, над селата Извор и Белановце. Се работи за шумски пожар, а ЦУК соопшти дека неговиот интензитет е намален.
ЦУК информира дека се изгаснати 28 пожари, по два во општините Старо Нагоричане, Теарце и Радовиш, а три во Општина Зелениково. Изгаснати се и пожарите во општините Липково, Кавадарци, Струга, Ѓорче Петров, Илинден, Студеничани, Боговиње, Прилеп, Долнени и Кочани.
Пожарите биле на локации со сува трева, ниска вегетација, грмушки, стрништа, мешана шума, отпад.