Македонскиот борец Горјан Славески е светски шампион во велтер категорија во БКФЦ шампионатот или во борбите без ракавици. Тој утринава во главната борба на турнирот во Мајами го совлада Џејк Линдзи со едногласна одлука на судиите.
Славески уште еднаш ја покажа својата желба за победа, издржливост и талент во борбата со искусниот Линдзи. Македонецот заслужено беше прогласен за победник откако очигледно доби три од петте рунди.
View this post on Instagram
Нашиот борец останува со перфектен скор во ова натпреварување без ракавици и има шест победи од исто толку борби. Патот на Славески до светската титула почна во април 2022 година со триумфот против Рамал Аманов. Потоа пред Македонецот потклекнаа и Џастон Стилс, Далас Дејвисон, Евгениј Курданов, Јосденис Седено и утринава Џејк Линдзи.