Во пожарот кај скопското село Ајватовци се зафатени повеќе од 100 хектари, изјави градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, кој со големи напроти бил ставен делумно под контрола.
Имаше критични ситуации каде беше загрозено селото Ајватовци и манастирот, но благодарение на пожарникарите, граѓаните, ДЗС и ЦУК, кои заедно со хеликоптерите и авионите, колку-толку се локализираше. Пожарот е опасен и активен и понатаму. Се надевам дека ноќта ќе биде тивка, а ние ќе бидеме будни цела вечер“, рече градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјави дека гасењето на пожарот од воздух ќе продолжи утре наутро веднаш штом ќе зазори.
Пожарот над Ајватовци е надвор од контрола. Зафатена е голема површина, најмалку 30 хектари. Поголемиот дел зимзелена шума. Постои опасност поради ветерот, огнот да се прошири кон селото Ајватовци и сега силите на противпожарната бригата на Град Скопје ќе се фокусираат на сопирање на огнот во насока на селото. Изгорен е т.н. Ајватовски рид. Рано наутро, веднаш по зазорувањето, двата полициски хеликоптери ќе почнат со дејство, а нешто подоцна и два ер трактори на ДЗС. На лице место сме и ќе се обидеме да направиме уште нешто за локализирање на пожарот во текот на ноќта“, вели директорот на ЦУК, Ангелов.