Вести Македонија Топ вести

Советници во битолскиот Совет бараат разрешување на училишниот одбор по случајот на детето со џуџест раст во техничкото училиште

Битолскиот Совет, на денешната седница која е во тек, изгласа точка на дневен ред за разрешување на сите членовите на училишниот одбор во Техничкото училиште во Битола, по сторијата на Телма дека дете со ретка болест е испишано од прва година во насоката техничар за моторни возила. Предлогот за разрешување на училишниот одбор е опозициската СДСМ со поддршка на советниците на Левица и „Поинаку“. Советниците од ВМРО-ДПМЕН гласаа против.

„После сторијата на Телма телевизија за ученик во Техничкото училиште, премината е секоја граница, треба да се разрешат членовите на Управниот одбор и да се назначат нови. Таму немам ниту изгласана  завршна сметка, односно имаме чиста ситуација“, изјави Борче Корлевски, советник од СДСМ.

Вчера анонимно писмо дека раководството на Техничкото училиште врати документи на дете со џуџест раст беше испратено до медиумите. Државниот просветен инспекторат (ДПИ) и детската амбасада „Меѓаши“ од каде велат дека ќе побараат ДПИ да ги провери наводите од оваа претставка. Од „Меѓаши“ потсетуваат дека Конвенцијата за правата на децата го гарантира правото на секое дете на образование, но и инклузивно образование, а децата со атипичен развој се често изложени на разни форми на дискриминација.

„Детската амбасадата „Меѓаши“ се обрати до ДПИ како орган надлежен за работата на просветните работници и контрола  на законитоста во образованието. „Меѓаши“ се надева дека надлежните институции ќе постапат согласно своите ингеренции и Конвенцијата за правата на децата, особено по поседните случувања на ширење на говор на омраза во јавноста кон родителите и децата со атипичен развој“, рече Клементина Добреска, детска амбасада „Меѓаши“.

Од ДПИ вчера за Телма потврдија дека и до нив пристигна анонимно писмо со ваква содржина и веќе е издаден налог за спроведување на надзор во Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола. Од таму, пак, вечера ги демантираа наводите од анонимната претставка. Велат дека мајката била повикана за да ја информираат за начинот на изведување на наставата во училиштето и праксата во компаниите, за да биде заштитено нејзиното дете кое е од ранлива категорија. Тврдат дека по разговорот, таа одлучила да ги подигне документите за што потпишала и изјава. Мајката на детето со ретка болест кое е испишано од Техничкото училиште не сака да го коментира случајот.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе