Вести Македонија Топ вести

Не е победа да се осуди некој, победа е да сфати дека згрешил – штипјанецот Мијалков чии деца со аутизам се мета на говор на омраза на социјалните мрежи

Победа не е некој да се осуди, победа е да сфати дека згрешил, порача Зоран Мијалков, самохраниот родител на две деца со аутизам кои деновиве се мета на говор на омраза на социјалните мрежи од Ранко Србакоски. Пораките од типот „дека децата со посебни потреби се товар на државата и извор на органи за здрави деца“ се жални и грозоморни. Мијалков вели ако некој не може да помогне, барем да не им одмага на семејствата кои имаат тешка битка. И денеска го повика Србакоски, но и политичарите да минат барем еден ден со семејство кое има дете или деца со посебни потреби, инвалидитет или ретка болест.

Голем дел од родителите се откажале од битката за остварување на правата на нивните деца. Најжално е, како што вели Мијалков, во ваквите случаи рацете ги меша политиката, а тешките последици ги трпат родителите и нивните деца со посебни потреби, инвалидитет или ретка болест. Тој спасот го гледа во заминување од земјава, а во наредниот период неколку здруженија ќе поднесат и тужба против државата со судот за човекови права во Стразбур.

Според Мијалков помошта ја има на хартија, но во реалноста ситуацијата е многу постравична. Тој денеска во штипската полициска станица ја потпиша кривичната пријава за говор на омраза и насилство на социјалните мрежи против Ранко Србакоски, за кого во моментов има две вакви пријави, а првата ја поднесе Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Се урна глечер во Швајцарија, збришано цело село на Алпите

Дејан Дејан

Писмо од СДСМ до Сиљановска – договорот е ништовен, бидејќи е потпишан од потпретседател на државата

Дејан Дејан

Консументи чувствувале вртоглавица – пронајдени траги од канабис во Харибо гумени бонбони во Холандија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе