Вести Економија Топ вести

Не можеме да пазариме, ниту да извадиме пари од банкомат – граѓаните се жалат, банките со апел да вадат пари од експозитура

Не може да се вадат пари од банкомат, ниту пак да се плаќа со картичка. Готовина може да се обезбеди само на шалтер во банка. Од утринава граѓаните на социјалните мрежи се покажија дека имаат проблеми со платежните картички. Освен што не можат да подигнат пари од банкомат, не можат ниту да испазарат, затоа што картичките не поминуваат на терминалите во маркетите. Ваков проблем се јавил кај одредени банки.

Дел од нив веќе ги известија своите клиенти за проблемот. Ги повикаа граѓаните, ако имаат итна потреба од готовина да ја подигнат во најбиската експозитура, без надоместок.

За проблемот, официјален допис пратија и од Македонската банкарска асоцијација (МБА). Потврдуваат дека дел од услугите поврзани со картичките VISA I MasterCard се недостапни на банкоматите или во трговијата. Потенцираат дека средствата на клиентите се достапни во сите експозитури на банките. Но, конкретно не посочуваат од кои причини е настанат проблемот.

„Средствата на клиентите на банките се достапни во сите експозитури и филијали. Членките на Македонската банкарска асоцијација се во интензивна комуникација со картичните брендови VISA и MasterCard, и од досегашните анализи може да се каже дека причината за проблемот не е поврзана со националните телеком оператори, ниту со поединечните системи на банките. По добивање покомплетни сознанија, јавноста навремено ќе биде известена од страна на Македонската банкарска асоцијација“, соопштуваат од МБА. 

Од Македонската банкарска асоцијација се надеваат дека проблемот бргу ќе биде  решен.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Манчевски започнува да го снима новиот филм „Збогум Копакабано“

Дејан Дејан

Официјална Бугарија не се извинува туку бара извинување од Мицкоски

Дејан Дејан

Крвава пресметка на битолскиот пазар заради местоположба на тезгите – 42-годишник од зад грб се обиде да убие тезгаџија со нож

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе