Вести Македонија

Агелер за Телма на прашањата за Мерко: Вашите институции да одлучат дали сакаат да истражат за бесрамна корупција

Телма постави повеќе прашања до амбасадорката на САД Анџела Агелер за ставањето на американската црна листа на струшкиот градоначалник Рамис Мерко, кој е прв функционер на ДУИ ставен на листата поради корупција, злоуптреба на јавни фондови и влијание врз судски предмети.

Таа не посочува нови детали за случајот, но вели сега на ред се државните институции кои гонат корупција и криминал. Амбасадорката е охрабрена од силните позитивни реакција откако Стејт Департментот објави назначување на Мерко за непожелна личност со забрана за влез во САД.

Станува збор за бесрамна корупција која го поткопува владеењето на правото, вели таа и потврдува дека процесот против корумпирани функционери како американска поддршка ќе продолжи со ширење на црната листа.

Телма: Конкретно, во каква корупција е вмешан градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко?

Агелер: Како што се објаснува во соопштението на портпаролот, Рамиз Мерко присвоил средства и се мешал во судски и други јавни процеси во неговата улога како градоначалник на Струга. Оваа бесрамна корупција го поткопува владеењето на правото, ѕида недоверба на граѓаните и ги прекршува економските, социјалните и безбедносните интереси на Северна Македонија. Народот на оваа земја треба да може да им верува на своите избрани функционери и да бара од нив одговорност кога ќе ја изневерат таа доверба.

Телма: Чии средства злоупотребил и на кој начин? Во која судска постапка се вмешал и во кој суд?

Агелер: Нема да објавуваме дополнителни детали за наодите, но овој вид на назначувања се прават кога американската влада има силни, веродостојни докази,  од различни извори,  за корупција. Сметам дека многу кажува тоа што луѓето од целата држава, како што веројатно сте виделе на социјалните мрежи, воопшто не се изненадени од одлуката.

Телма: Дали обвинителството знае/дали ги извести за сето ова што вчера го наведе Стејт департментот како причина за забрана за влез на Мерко и неговото семејство во САД?

Агелер: Не може да споделуваме внатрешни или дипломатски разговори.

Телма: Каква реакција очекувате и од кого во земјава?

Агелер: Ме охрабрија силните позитивни јавни реакции што ги слушнав за назначувањето на г-дин Мерко. Законот на САД бара од државниот секретар да именува поединци за кои имаме веродостојни докази за корупција и јавно да ги именува лошите актери – преку укинување  на правото за влез во САД со ова означување, што е начин да покажеме дека ја поддржуваме борбата на Северна Македонија против оваа болест на нечесноста. Ова го правиме на глобално ниво за да го поттикнеме владеењето на правото и да им покажеме на оние кои работат на одговорност ширум светот дека ја имаат нашата поддршка. Сега останува на вашите институции да одлучат дали сакаат да дејствуваат или да истражат. Се надеваме дека ова праќа порака до оние кои ги употребуваат функциите за кои се избрани од граѓаните за да им служат, дека таквите (функционери, н.з.) ќе одговараат и дека не се добредојдени во САД.

Телма: Дали на таканаречената црна листа ќе се најдат и други функционери од земјава или засега е само Мерко?

Агелер: Тековниот процес на назначување поединци под различни режими на санкции е внимателен, промислен, а понекогаш и долг. Мора да имаме силни докази за да ги докажеме наводите за корупција, а кога ќе ги докажеме, според американскиот закон МОРА да им одбиеме влез на оние кои ја злоупотребиле својата моќ. Но, можам да Ве уверам дека името на г-дин Мерко не е единственото што внимателно се разгледува во Вашингтон. Ќе продолжиме тесно да соработуваме со оние кои бараат да се уништи ракот на корупцијата во Северна Македонија и да се изгради силно, просперитетно и динамично општество кое што секој граѓанин го заслужува.

Елена Ивановска Мукоска

Миомир Серафиновиќ

Колку вреди Соравија која ја купува внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети- Соравија кон Тирана виа Зајас

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе