Најмалку три лица загинаа, а 13 се повредени во руски напад на црноморското пристаниште Одеса.
И уште тројца цивили беа убиени во текот на ноќта во источниот регион Доњецк – иако Москва nне ги потврдува информациите.
Според првичните информации на јужната команда на украинската армија, Русија нападот го извршила ноќеска со крстосувачки ракети од типот „Калибр“. Два од проектилите, како што се наведува, биле соборени од противвоздушната одбрана на градот.
Експлозиите во Одеса одекнале ноќеска околу 2:30 часот по локално време, по што избувнал пожар, а небото над градот било прекриено со големо количество чад.
Рускиот претседател Владимир Путин синоќа тврдеше дека контраофанзивата на Украина пропаѓа, а нејзината армија претрпела големи загуби.
Неговите коментари доаѓаат откако започна контраофанзивата на Киев против руските сили – при што Украинците велат дека нивните војници повторно зазеле седум населени места.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа инсистираше дека има „придвижување напред“ – наведувајќи дека има напредокот во неколку области.
At least 1 of the Russia 3M54-1 “Kalibr” Cruise Missiles which targeted the Ukrainian City of Odesa last night Struck a Business Center with Severe Damage being reported to the Main and Secondary Building within the Complex. pic.twitter.com/JgxtCusQTt
— OSINTdefender (@sentdefender) June 14, 2023
Столтенберга: Украина напредува на фронтот против Русија
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Украина продолжува да напредува со својата контраофанзива во обид да ги протера руските сили на истокот и југот од земјата.
Тој нагласи дека притисокот кој го врши Киев е сè уште на почетокот, но колку повеќе од територијата на Украина биде вратена толку посилна позиција би имала земјата доколку се седне на преговарачка маса.
Според Столтенберг веројатно ваквиот исход ќе го натера рускиот претседател Владимир Путин да сфати дека никогаш нема да победи во оваа битка.
Украина претходно соопшти дека нејзините сили напредувале на линијата на фронтот со Русија во регионите Доњецк и Запорожје за време на контраофанзивните акции што ги најави украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на викендот.