Вести Свет Топ вести

Руски проектил запали петкатна станбена зграда – најмалку шест загинати

Најмалку шест луѓе се убиени во новиот напад на Русија врз Украина. Овојпат руските сили го бомбардираа родниот град на Зеленски, Кривји-рог, а локалните власти известија дека „чудовишта со висока прецизност го погодиле градот, на неколку места, меѓу нив и петкатна станбена зграда. Пожарот ги зафатил сите пет ката од станбената зграда. 25 се повредини, од кои 19 се во критична состојба.

Трагедија се случи во градот, неколку ракети паднаа, уништувајќи индустриски капацитети, друга структура и домови, изјави ЈУРИЈ ВИКУЛ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРИВЈИ РОГ

Но под урнатините се уште се трага по прежиевеани.

Кога излеговме од под урнатините, првото нешто што го видов беа луѓе кои излегоа голи и со голи деца од соседните куќи, каде имаше и уништување. Луѓето носеа влечки, бањарки, вода, ќебиња за децата, ВЕЛИ ТАТЈАНА, ЖИТЕЛКА НА УНИШТЕНА КУЌА

 Се засилува војната на терен. Во текот на ноќта и главниот град Киев не беше поштеден од руските ракети. Иако украинската армија потврди дека пресретнала неколку, но и дека почнала со акција за освојување на заробените територии. Ова го потврди и руската страна. Дека Украина утринава нападнала две села во рускиот регион Курск и оштетиле неколку куќи.

Сето ова ја ослабнува хуманитарната помош. ОН остро го осудија нападот утринава врз Криви Рог. Меѓународното хуманитарно право е јасно: цивилите и цивилната инфраструктура не се цели – истакнаа од светскста организација.

И Путин вчера ја обвини Украина дека цели на цивили, велејќи дека тоа нема никаква воена смисла.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одмазнички напади на Иран врз Израел, повредени најмалку пет лица

Дејан Дејан

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Федерален суд го блокира обидот на Трамп за промена на изборното законодавство во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе