Вести Свет Топ вести

Денеска без настава во училиштата и градинките на северот од Косово

Војниците на КФОР и косовската полиција на северот на Косово утрово поставија блокади на патиштата во град Звечан додека се зголемуваат тензиите по преземање на полицијата врз општинските згради во четирите градови со српско население.

Од денеска е прекината наставата во сите основни и средни училишта, како и во градинките. Ваква  одлука е донесена на состанокот на директорите на училиштата на северот на Косово. Родителите добија порака со содржина дека наставата се одложува додека косовската полиција во полна воена опрема не се повлече од северот.

Наставата беше прекината поради насилниот упад на припадниците на косовската полиција и специјалните сили и окупацијата на општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток.

Заменети се вратите на општинските згради, како и видео надзорот.

Во Звечан средното училиште се наоѓа веднаш до зградата на општината, а околу него се распоредени и косовски специјалци.

Повеќе од десетина лица беа повредени во петокот по насилниот упад на косовската полиција во општинските згради на северот на Косово. Косовската полиција фрли шок-бомби и солзавец кон неворужениот народ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДММ: Ќе има ли одговорност за УМС за пиротехниката или тие се над законот?

Дејан Дејан

Приведен универзитетскиот професор Александар Нацев во истрагата за пожарот во Кочани- како  реален сопственик на агенцијата Рубикон која го обезбедувала Пулс кога се случи пожарот

Дејан Дејан

Мицкоски го бранеше својот предлог како одличен кадар за министерската позиција во здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе