Огромната разлика од дури двојно повеќе освоени гласови од најблискиот конкурент, грчкиот премиер и лидер на Нова Деморкатија Кирјакос Мицотакис ја нарече „политички земјотрес“.
„Надежта го порази песимизмот и единството ја порази поделбата. Горд сум. Тргонат сум затоа што ја чувствувам тежината на моите плеќи од одговорноста која ја носи ваквиот импресивен резултат. Ветувам дека ќе работам уште понапорно за да ја оправдам вашата доверба. Резултатот е повеќе од јасен,“ Кирјакос Мицотакис – премиер на Грција.
Речиси 41 процент од гласовите освои владејачката партија, пред 20-те на СИРИЗА, што значи дека Нова Демократија освои 145 пратенички мандати. Тоа е само 5 мандати помалку од освојувањето мнозинство и отфрлање на потребата од формирање коалиција што ги наведува аналитичарите да веруваат дека Мицотакис ќе го одбие мандадот целејќи кон нови избори во втората половина на јуни.
По разочарувачкиот резултат, лидерот на СИРИЗА, поранешнито премиер Алексис Ципрас му ја честита победата на Мицотакис, но очекувајќи нови избори и самиот тој, им порача на своите сопартијци дека им претстои уште работа.
- „Изборнито циклус, сепак, сѐ уште не е завршен, имајќи во предвид дека ќе има втори избори. Затоа, немаме многу време. Мораме веднаш да ги направиме сите потребни промени за да се бориме во следната критична и последна изборна битка под најдобрите можни услови“, Алексис Ципрас – лидер на СИРИЗА.
За грчката јавност победата на Нова Демкратија никогаш не беше во прашање, но многумина се изненадени од разликата, особено ако се земе во предвид дека во Грција повеќе не важи изборното правило победникот да добива плус 50 пратенички мандати.
- „Очекував Нова Деморкатија да победи, не го очекував тој процент. Што има да се каже, тој ги уништи. Си победи заслужено, бидејќи Алексис Ципрас не можеше да имплементира сѐ што СИРИЗА зборуваше. Паднавме на тоа што го зборуваше во 2015,“ Фотис Хаѕос – жител на Атина.
Предизборните анкети предвидуваа победа на Нова Деморкатија, но дури и тие ја потценија висината на поддршката која партијата ја има во споредба со сите останати. Покрај Нова Деморкатија, задоволни од овие избори можат да бидат и ПАСОК, која освои 41 пратеник и комунистите со 26 места. Разочаран како и својот поранешен партиски лидер е и Јанис Варуфакис, чија МЕРА25 не успеа да го помине изборниор праг.
Игор Трајков