Вести Свет Топ вести

Украинците нема да напаѓаат цели на руска територија со Ф-16 – Бајден добил цврсти гаранции од Зеленски

Обраќајќи се пред медиумите денеска на самитот Г7 во Хирошима, американскиот претседател, Џо Бајден изјави оти добил цврсти гаранции од Украина дека нема да ги користи борбените авиони Ф-16 за напади на руска територија.

Тој, сепак, додаде дека Ф-16 ќе може да се користат било каде е руската војска на украинска територија.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски се заблагодари на неговиот американски колега за борбените авиони.

„Да, политички многу долго работевме на ова со нашите партнери. Навистина сме благодарни на САД за оваа помош“, додаде тој.

Зеленски притоа нагласи оти е важно украинските пилоти да ја минат обуката што поскоро и истакна дека засега е непознато колку авиони ќе добијат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе