Вести Свет Топ вести

Турската амбасада полна со гласачи – се бира меѓу Ердоган и Киличдароглу во вториот круг на претседателски избори

Во турската амбасада во Скопје се одржува гласањето за вториот круг од претседателските избори во Турција на кои кандидати се актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу. Повеќе десетици гласачи беа на гласачкото место, кога ТВ Телма беше таму.

Во првиот круг, на таа локација, гласале 1.765 турски граѓани и во амбасадата во Скопје, победи опозицискиот кандидат Киличдароглу. Меѓу гласачите во Скопје, најмногу има студенти од Турција кои студираат во Македонија, работници во градежниот сектор и бизнисмени.

Гласањето во турската амбасада во вториот круг се спроведува од вчера и трае два дена. По завршување на гласањето, избирачките ливчиња се ставаат во жолти пликови и се праќаат во Турција каде се пребројуваат на изборниот ден, односно на 28 мај.

Во првиот круг на претседателските избори, Ердоган освои над 27 милиони гласови и победи со пет проценти разлика пред противкандидатот Киличдароглу. Ердоган се бори за трет мандат, додека опозицијата се обедини во обид да го урне и да поништи дел од неговите одлуки со кои Турција стана претседателски систем.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе