Вести Свет Топ вести

Лидерите на Г7 ветија 21 милијарда долари за глобалните хуманитарни кризи, од ОН велат – треба 55

Лидерите на групата 7 најразвиени земји (Г7) ветија 21 милијарда долари за справување со глобалните хуманитарни кризи. Тие објавија соопштение во кое наведуваат дека ја преземаат таа обврска.

Меѓутоа, по објавувањето на документот, хуманитарни организации упатија критики. Макс Лосон од Оксфам рече дека лидерите на Г7 можат да најдат милијарди за да водат војна, но не можат да обезбедат ниту половина од тоа што им е потребно на Обединетите Нации (ОН) за справување со најитните хуманитарни кризи.

Хуманитарните организации велат дека расположливите средства се оскудни не само поради хуманитарната помош за Украина и украинските бегалци, туку и поради значителните трошоци за испораките на оружје.

Во соопштението, лидерите на Г7 ветија дека ќе обезбедат 21 милијарда долари за справување со хуманитарните кризи оваа година, вклучително и одговор на итната криза со храна.

ОН велат дека им се потребни 55 милијарди долари за справување со кризите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со попладневна локална нестабилност – Временска прогноза за 9.6.2025

Дејан Дејан

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе