Вести Свет Топ вести

Грција гласаше – излезните анкети укажуваат на предност на Нова Демократија на Мицотакис

Нова Демократија, конзервативна партија на премиерот Кирјакос Мицотакис, е водство, покажуваат излезните анкети по денешните парламентарни избори во Грција. Но, малку веројатно е дека ќе освои доволно мандати во парламентот за самата да формира влада, пренесува „Асошиејтед прес“.

Според податоците на излезните анкети, гласовите на бирачите се распоредени на следниот начин:

Нова Демократија 36 – 40 %

СИРИЗА-Прогресивен сојуз 25 – 29 %

ПАСОК-Кинал 9,5 – 12,5 %

Комунистичка партија 6-8 %

Грчко решение 3,5 – 5,5 %

МеРА25 2,5 – 4,5 %

Плефси Елефтериас 2,2 – 4,2 %

Останати партии 4,8 – 6,8 %

Избирачките места во Грција беа затворени во 19 часот по локално време, односно во 18 часот по средноевропско време. Доколку официјалните резултати бидат во рамки со излезните анкети, Мицотакис ќе мора да формира коалиција за да има мнозинство во грчкиот парламент со 300 пратеници. Доколку коалиционите разговори пропаднат, наредните избори би можеле да се одржат кон крајот на јуни или почетокот на јули.

Нова Демократија со двојно повеќе мандати од СИРИЗА – пребројани, речиси, 70 отсто од гласовите

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе