Македонскиот репрезентативец Александар Златаров обезбеди пласман во финалето на Европското првенство во спринт што се одржува на патеката Матка.
Златаров во втората трка имаше десетти најдобар резултат и утре ќе се бори за медал во дисциплината кајак едносед.
Македонскиот кајакар во втората трка заостана 97 стотинки зад победникот Одран МекНали од Република Ирска, а главни кандидати за медали се двајцата Французи, Максенс Бару и Лука Барон како и словенците Анже Уранкар и Нејц Знидарчиќ.
Од останатите македонски репрезентативци во втората трка настапија уште Љубомир Спасиќ кој го освои 29. место, Кристијан Лазаров беше 33-ти додека Благој Гугинов настапот го заврши на 39-тата позиција.
Утрешното финале почнува во 10 часот и сите заинтересирани може да дојдат да го бодат нашиот репрезентативец во обидот да стигне до што е можно подобар пласман.
ФОТО: Игор Паневски