Вести Свет Топ вести

Мицотакис во трка по нов мандат, Ципрас зад петици – Грците во недела на неизвесни избори

Грците во недела излегуваат на најнеизвесните парламентарни избори во последната деценија, кои најверојатно ќе доведат до дополнителни избори. Партиите ги одржуваат последните митинзи кои треба да ги притиснат гласачите да го дадат својот глас. Главни политички ривали – козервативниот актулен премиер Мицотакис и поранешниот премиер, левичарот Ципрас. Иако анкетите му даваат јасна предност на Мицотакис од шест проценти, мали се шансите за која било партија да освои апсолутно мнозинство во парламентот од 300 места.

Мицотакис бара втор мандат откако минатото лето заврши драконскиот режим на контрола на трошењето нареден од меѓународните кредитори за спас. Мицотакис успеа да донесе висок економски раст, пад на невработеноста, но оставени исцрпени, обичните Грци беа потонати во приватни долгови, ниски плати и несигурност на работа.

  • Сега работите почнуваат да се подобруваат. Но, што се случува? Додека бизнисот се подобрува, имаме премногу трошоци. Сè поскапе. Супермаркетот поскапе. Струјата, горивото, сè стана поскапо. Значи остануваш на истото место. Заработуваш малку повеќе, но даваш малку повеќе. Ништо не се сменило, вели Кристина Месари, која го затворила својот бизнис и почанала да вози такси. 

И покрај добрата економска политика, Мицотакис го следеа бројни национални скандали – како железничката катастрофа во која загинаа студенти, но и недовршени реформи во судството и здравството. Проценките се дека секој десетти Грк не знае за кого ќе гласа, а многумина велат дека се разочарани од политиката.

  • Во последните десет години, многу е направено во земјата, многу важни работи се сменија. Но, се уште се чекаат важни реформи во правосудниот сектор, во здравството, во образовниот сектор, кои не се спроведени, главно затоа што се многу тешки. Она што е во прашање на овие избори е консензус меѓу политичките сили во земјата за да може да се спроведат овие многу тешки реформи, вели ТОДОРИС ГЕОРГАКОПУЛОС, ДИРЕКТОР НА ДИАНЕОСИС, ТИНК ТЕНК ОРГАНИЗАЦИЈА

 

Мицотакис во повеќе наврати ги повика гласачите да не ја расипуваат заработката од грчката економија, предупредувајќи ги дека ако неговата Нова Демократија не победи, земјата ќе остане парализирана и во хаос.  Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас пак ја опишува владата на Мицотакис како арогантна, бездушна и бескрупулозна.

Анкетите покажуваат дека изборите во недела нема да дадат директен победник и можеби ќе бидат потребни втори избори на почетокот на 2 јули. Дури и тогаш, сегашните анкетите сугерираат дека Мицотакис може да биде принуден на коалиција, со некогаш моќната социјалистичка партија Пасок – која речиси исчезна за време на кризата.

 

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зошто е откажано појавувањето на Тошковски во реновираните Управни служби на МВР?

Дејан Дејан

Пораснаа девизните резерви на Кина

Дејан Дејан

Поранешен министер за информатичко општество предлог за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе