На претпоследниот ден од Европското првенство во спринт во кајак и кану на диви води денеска на програмата беа квалификациските трки за големото финале и решавачката битка за трофеи во поединечна конкуренција.
Љубителите на овој спорт имаа можност да уживаат во спектакуларни настапи на сите учесници што е одлична најава за утрешното финале во кое Македонија ќе има свој претставник.
Александар Златаров успеа да се пласира во финалето и заедно со уште 14 колеги ќе се бори за медал.
Финалните трки почнуваат во 10 часот.
ФОТО: Игор Паневски