Вести Свет Топ вести

Неизвесна постизборна ноќ по претседателските избори во Турција – се топи предноста на Ердоган пред Киличдароглу

Турција влегува во долга и драматична постизборна ноќ во која се очекува одговор на прашањето – кој победи на претседателските избори во државата.

Првичните резултати навестуваа убедлива победа на актуелниот шеф на државата, Реџеп Таип Ердоган но како минуваат часовите, неговата предност пред кандидатот на здружената опозиција, Кемал Кличдароглу се повеќе се топи со што расте и неизвесноста.

Двете државни новински агенции му даваат предност на Ердоган. Анадолу тврди дека актуелниот шеф на државата води со повеќе од 8 проценти разлика, но опозицијата ги отфрли со индигнација овие информации.

Влијателните градоначалници на Анкара и Истанбул, Мансур Јавас и Екрем Имамоглу, тврдат дека според нивните информации кои доаѓаат од целата земја, води кандидатот на здружената опозиција кој го поддржаа и тие – 74 годишниот Кличдароглу.

Репутацијата на агенцијата Анадолу е под нулата и им порачуваме на граѓаните да не и веруваат, изјави Имамоглу.

Кличдароглу досега само на твитер имаше куса објава, со пораката „Ние водиме“.

Опозициониот блок тврди и дека од партијата на правдата и развојот на Ердоган, се обидуваат на сите можни начини да го попречат нормалното пребројување на гласовите и на бројни изборни места каде води Кличдароглу, поднесуваат жалби во обид да го спречат процесот.

Од партијата на Ердоган пак порачуваат дека Ердоган води и сите треба да го почитуваат тој резултат, правдајќи се дека пребројувањето на гласовите е крајно транспарентно.

Засега молк и од најодговорната институција задолжена за изборниот процес,  Врховнит изборен совет на Турција.

Она што е сигурно е дека се потврдуваат проценките дека овие избори се досега најголемиот тест за владеењето на Ердоган, кој со цврста рака ја држи власта во Турција повеќе од две децении.

Претседателските избори ги ставија во сенка и парламентарните избори и целиот изборен ден се толкува како национален референдум на кој граѓаните се изјаснуваат за владеењето на Ердоган.

Секуларниот лидер на републиканската партија, Кличдароглу обезбеди поддршка на 6 партии со целосно различна идеологија, од исламисти до националисти – со единствена цел, како што тврдеше во кампањата, да ја врати демократијата во Турција.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Од 15 часа до 40 без вода – скопјани се снаоѓаат со шишиња и кофи

Дејан Дејан

Скопје за мене е емотивна територија, тука имам многу пријатели, полиција да ме бара, знам каде би се сокрил – Бреговиќ во интервју за Телма

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе