Вести Македонија Топ вести

Средба на претставниците на синдикатите на ДИЦ и министерство за финансии

Претставниците на синдикатите на Државниот испитен центар и на Министерството за финансии денеска треба да седнат на заедничка маса и уште еднаш да се обидат да изнајдат взаемно прифатливо решение за барањата за покачување на платите на вработените во оваа институција, а со тоа да се одблокира и нејзиното работење.

Поради штрајкот под знак прашалник е ставено запазувањето на определените термини за одржување на државната матура на учениците од четврта година, а со тоа и запазување на роковите за упис на факултет, што особено проблематично пак е за оние ученици кои своето високо образование планираат да го продолжат надвор од државата.

Вчера од Сојузот на средношколци упатија апел двете страни што побрзо да се договорат за штетите да бидат помали, а министерот за образование и наука дециден полагање државна матура на 27 мај мора да има. Рече и дека доколку штрајкот продолжи во нејзино организирање и подготовка ќе бидат вклучени и вработени во МОН.

Вработените во ДИЦ велат нема да се откажат од штрајкот додека не добијат согласност за покачување на платите од Министерството за финансии. Доколку се исполни нивното барања ќе вложат максимум државната матура да биде што побрзо организирана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе