Вести Македонија Топ вести

Државната матура да се префрли во јуни поради штрајкот на ДИЦ, бараат средношколците

Итно решение за проблемот со државна матура, бараат од Сојузот на средношколци кои апелираат, Министерството за финансии да ги прифати барањата на вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ). Така штрајкот ќе сопре и побрзо ќе се организира државната матура со мало одложување.

Велат дека навремените резултати им се неопходни на сите матуранти, а особено на оние кои сакаат да студираат во странство.

Вработените во ДИЦ нема да се откажат од штрајкот додека не добијат добијат согласност за покачување на платите од Министерството за финансии. Доколку се исполни нивното барања ќе вложат максимум и државната матура да биде што побрзо организирана.

Штрајкот на вработените во Државниот испитен центар поради израмнување на платите со минималната, почна на 24-ти април, речиси месец дена пред првиот испит од матурата кој средношколците треба да го полагаат.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе