Европската унија (ЕУ) била информирана за европското знаменце на петте предлог-закони за реализациија на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д уште пред владата да ја донесе таквата одлука на Владина седница.
„Во редовна комуникација сме, уште пред да го направивме тоа им објаснивме. И сега веќе имаме писмена комуникациија за официјално да објасниме и ние тоа ќе го сториме“, изјави Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања.
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, изјавата ја даде коментирајќи ги критиките кои стигнаа од Делегацијата на ЕУ за користењето на европското знаменце на петте закони, за кои таа смета дека не се поврзани со усогласување на македонското со европското законодавство.
Делегациијата на ЕУ во петокот побара од владата дополнителни објаснувања за ваквиот потег наведувајќи дека европското знаменце треба да се применува само кога е оправдано да се унапреди реформската агенда на земјава за ЕУ и оти не треба да се користи за скратување на јавните консултации или за решавање на процедуралните тешкотии во носењето на закони.
„Во тековниот случај, се чини дека нацрт-законот не се однесува на усогласување со таквите стандарди“, наведоа од Делегацијата на ЕУ во петокот.
Маричиќ, пак, денеска потврди дека Владата знае оти измените во петте закони не носат некакво усогласување со европското законодавство, но ќе ја заобиколат блокадата во Собранието.
„Меѓутоа го ставаме за да успееме да ги изградиме на време овие автопати и за да, практично, ја комплетираме европската мрежа на коридори во Северна Македонија. Она што мислам дека треба отворено да си го кажеме тоа е дека оваа одлука е донесена за да се заобиколи нелегитимната блокада од Левица. Сметаме дека е тоа нелегитимна блокада, која ние на легитимен начин, со инструмент кој што ни е на располагање, сакаме да ја заобиколиме. За тоа имаме основа и имаме политичка оправданост“, изјави Маричиќ.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денеска пак информираше дека петте закони се веќе стигнати во собранието означени со европско знаменце.
„Затоа што верзиите кои што ги видовме во делот 5. кој што вобичаено се користи за објаснување со кои делови од европската регулатива се усогласува овој закон, замислете, во овие предлози е празен. Значи нема ништо таму што се усогласува“, изјави Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Сепак, Мицкоски се воздржа од коментари оставајќи простор до утре за тоа прво да се произнесе Европската комисија, делегацијата на ЕУ но и другите амбасади на земјите од Унијата.
Лидерот на најголемата опозициска партија денеска потсети на обврската која ја презела владата за исплата на 53 милиони евра доколку во рок од 45 дена државата не обезбеди законска основа за траење на работната недела од 60 часа, за кои тој е уверен дека ќе бидат исплатени, а враметраењето на реализцијата на проектот ќе бдие продолжено.
Тамара Грнчароска