Вести Македонија

Нов инцидент со подметнат пожар на автомобил на затворски чувар од Идризово. Нема одговор кој ги прогонува затворските службеници

(ФОТО: ТВ Алсат)

Нов инцидент со подметнат пожар на автомобил на затворски чувар од Идризово. Автомобилот е заплен пред домот на чуварот. Нема одговор кој ги прогонува затворските службеници

За половина година, 5-ти инцидент со подметнат пожар на автомобил на затворски службеници, велат за Телма извори од затворската полиција.

Полицијата потврди дека таков инцидент е пријавен во скопско Ново Село, а станува збор за автомобил на затворски чувар вработен во најголемиот затвор во Идризово.

„На 25 април во 01.56 часот во СВР Скопје, Љ.К. – вработен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово, пријавил дека во неговиот двор во село Ново Село, скопско, било опожарено неговото патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Љ.К. сам го изгаснал пожарот, а повредени нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.

Минатата недела во Студеничани изгоре службениот автомобил на заменик директорот на затворот Идризово, Феми Јонузи. Еден од 5-те инциденти се случи во кругот на затворот, но најопасно е што во останатите случаи, автомобилите на затворските службеници биле палени пред нивните домови и нивните семејства.

Досега ниту еден случај со овие подметнати пожари не е расветлен, а постојат сомнежи дека зад нив стојат затвореници кои се поврзани со определни структури во затворот.

По промената на директорската позиција во Идризово минатиот месец, имаше полициска акција во полуотворениот дел на затворот каде беа повикани и специјалци. Двајца затвореници, кои според Управата биле проблематични се префрлени во затворениот дел.

Претходно беше најден и тунел за бегство во близина на последниот затворски ѕид, но досега нема соопштение за истрагата дали е откриено кој го копал тунелот и кој им прогледувал низ прсти на бегалците во обид.

Миомир Серафиновиќ

Инспекторите на Кванташки одземаат зеленчук и овошје од нерегистрирани трговци- викендов наплатени 80.000 евра казни од маркети

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Асанж доби право да се жали против екстрадицијата во САД

Дејан Дејан

Меѓународниот кривичен суд бара налози за апсење на израелскиот прмеиер Нетанјаху и на лидерот на Хамас

Дејан Дејан

Одбележување на 75 години од постоењето на најстариот Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе