Вести Македонија Топ вести

КОД: Бизнис игри со набавките на мазутот за ЕСМ – РКМ барал и со анекс на договорот добил екстра 20 милиони евра

ТЕЦ Неготино во петок на полноќ престана да произведува струја и влезе во ремонт. Помали цени на струјата на Хупекс пазарот, затоплувањето на времето, но и недостаток на мазут се двете причини за гаснењето три недели пред планираното на ТЕЦ Неготино.

КОД при истражувањето за набавките на мазутот за потребите на ЕСМ односно за производство на струја во ТЕЦ Неготино открива дека лани речиси на Нова Година во декември бил потпишан анекс на договорот со РКМ со кој вредноста на 150 илјади тони се зголемила за над милијарда и двесте милиони денари односно за речиси 20 милиони евра.

РКМ во сопственост на Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски барала повеќе пари поради зголемена цена на мазутот, а Електрани го прифатиле барањето иако е поднесено по истекот на банкарската гаранција.

КОД беше и во тајна посета на ТЕЦ Неготино и утврди дека при зголемување на цената на мазутот, цистерните чекаат да помине полноќ за да го предадат горивото по поголема цена.

Во КОД вечерва и сторија за штипскиот канцероген мазут кој се произведувал од отпадни гуми а се користел низ Македонија како гориво во големи фабрики, како и профилот за директорската кариера на Васко Ковачевски во ЕСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе