Вести Македонија Топ вести

(видео) Општина Аеродром бара да го пресели Ќосето во Горно Лисиче во близина на населба која се поплавува на секој дожд

(архивска фотографија од отстранувањето на споменикот на Ќосето) 

Со мнозинство на гласови на советниците на општинската власт, Општина Аеродром бара на нејзина територија да биде поставен споменикот на Андон Лазов- Ќосето.

На вчерашната седница на советот на Општина Аеродром, советниците на Левица поднесоа иницијатива за поставување на споменикот на ќосето на територија на општината, во паркот во Горно Лисиче. Ова нивно барање го поддржаа и советниците на ВМРО-ДПМНЕ но, од службите на општината им било кажано дека треба согласност од Собранието и град Скопје.

Планот на двете партии е контроверзниот споменик на ликвидаторот на револуционерната организација во периодот пред Првата и меѓу двете Светски војни минатиот век, да биде поставен во близина на населбата Островска кај Лисиче каде се уште не е изведена целосна канализациона и одводна мрежа и по секој дожд улиците се поплавуваат.

Споменикот на Ќосето, беше поставен пред судовите пред девет години, кога градоначалник беше Коце Трајановски, а беше отстранет во време на градоначалникот Петре Шилегов бидејќи се утврди дека е дивоградба.

На споменикот пред судовите, Ќосето беше претставен не со закон во рака туку со кама и пиштол што будеше асоцијации на начинот на делење на правда и на владеење на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кое тогаш беше во коалиција со ДУИ.

Советниците на општинската опозиција (коалиција на СДСМ) беа против и тврдеа дека на овој начин се враќа сеќавањето на мрачниот режим на Груевски.

Иницијаторите пак реплицираа дека во последните 6 години од владеење на СДСМ на државно ниво не е изградено ништо и не е подигнат ниту еден споменик пред кој би се сликале туристи. За нив Ќосето е македонски херој и никој не би требало да биде против неговиот споменик.

На крај предлогот на Левица беше поддржан од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, а 6-мина советници од коалицијата на СДСМ беа против. Иницијативата ќе биде доставена до Собранието и град Скопје.

Минатата недела град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска покренаа иницијатива за враќање на споменикот на Ќосето со заканувачката симболика пред судот, но општина Центар која ја води СДСМ ја отфрли иницијативата.

Во видеото е целата седница на советниците на Општина Аеродром, а дебата околу споменикот на Ќосето е на 01:10:07

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Венчавки во „Порта Македонија“ од 1 јуни – термини од четврток до недела од 14 до 17:30 часот

Дејан Дејан

(Видео) Се урна глечер во Швајцарија, збришано цело село на Алпите

Дејан Дејан

Писмо од СДСМ до Сиљановска – договорот е ништовен, бидејќи е потпишан од потпретседател на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе