Вести Македонија Топ вести

Средношколците ги повикаа студентите на заеднички протест

Средношколското здружение ОДАС за впрток ги повика студентите да им се придружат на заеднички протест пред МОН.

Бараат намалување на материјалот предвиден за полагање на државната матура. Имајќи ги предвид актуелните прашања околу средношколскиот и студентскиот стандард, ги повикуваме студентите да се придружат на протестот во петок од 12.30 часот пред МОН за заедно да издејствуваме подобрување во образовниот систем.

Овие неколку години, како учесници во образовниот систем, се соочивме со голем број предизвици за кои вреди да се дискутира и да се лобира кај надлежните.

По протестот кој го одржаа во понеделникот министерот за образование и наука Јетон Шаќири рече дека ќе се заложи уште еднаш од директорката на државниот испитен центар да разговара за нивното барање но посочи и дека и до сега материјалот бил намален, па потребно е да се запазат стандардите кои се неопходни да се исполнат условите и на странските универзитети каде ќе сакаат да го продолжат своето високо образование.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе