10.04.2025 22:02
Вести Македонија Топ вести

Османи: За неколку месеци ќе го имаме првиот премиер-Албанец

синоќа на собир во скопската населба порача дека „за неколку месеци Македонија ќе го добие првиот премиер-Албанец.

Оваа најава доаѓа во екот на судирот во ДУИ меѓу лидерот Али Ахмети и највисоките владини функционери од партијата, Артан Груби и Османи од една страна, наспроти пратеникот и поранешен чаирски градоначалник, досега неприкосновен во скопскиот бастион на ДУИ, Изет Меџити и неговата „огнена група“.

Доколку Османи алудира на премиер-Албанец во 100-те дена од преодниот кабинет согласно „пржинскиот договор“ кој предвидува техничка влада пред секои парламентарни избори ова може да се толкува и како првата изјава на владин претставник во која се најавуваат избори оваа година…

ВМРО-ДПМНЕ со месеци бара предвремени парламентарни избори, но досега од Владата беа изрични дека изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Молк за жртвите, пароли за правда и порака – „Системот е следен“

Дејан Дејан

Не сум сигурен дека ќе нема реконструкција во владата до локалните избори, смета Арсовски

Дејан Дејан

Рано е за предвремени избори, смета политикологот Божиновски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе