Вести Македонија Топ вести

Фонд за здравство: Системот „Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава

Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија (ФЗОРСМ) известува дека системот „Мое Осигурување” функционира за осигурениците во цела држава, со тоа што поради технички прилагодувања, во целосна функција ќе биде ставен до крај на денот.– До овој момент „Мој термин” ги има преземено податоците заклучно со денешен датум, 20 февруари 2023. Сите платени придонеси од сите обврзници се евидентирани во Мој Термин. Ова значи дека сите здравствени работници и аптеки имаат можност да го проверат статусот на осигурување во Мој Термин, соопштија денеска од ФЗОРСМ.Оттаму информираат дека активно работат и на системот за исплата на плати, породилни боледувања и други рефундации. Очекуваат во текот на денов враќање и на останатите состеми. Сите информации, како што најавуваат, веднаш и благовремено ќе бидат споделени со јавноста.

Премиерот Димитар Ковачевски викендот во интервју за МИА истакна дека проблемот со хакерскиот напад на Фондот за здравствено осигурување ќе се реши. На него, како што информираше деноноќно работат домашни и експерти од земјите – членки на НАТО. Личните податоци на граѓаните,  според Ковачевски се заштитени, а се прават напори да им бидат исплатени и платите на здравствените работници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе