Измени на Кривичниот законик со воведување минимум од 1 година задолжителна затворска казна за убиство и мачење животни, формирање општински служби за заштита на животните, носење на закон за комунална полиција со полиција за животни, превентивни мерки за редуцирање на насилството врз животните, се дел од барањата кои Зeлен хуман град заедно со 15 здруженија за заштита на животни од Македонија, ги побараа на протестот кој го одржаа пред МВР, Јавното обвинителство и Кривичниот суд.
Тие протестот го одржаа под мотото Феликс не беше само куче, туку беше живот.