Во Црна Гора прогласена дводневна жалост по трагичната несреќа во која загинаа тројца тинејџери кои со возило излетаа во провалија длабока 20 метри.
Возилото денеска е извлечено од местото на несреќата а сведоци велат дека сцените се стравични.
– Срцата на сите граѓани на Рожаје денеска чукаат како едно. Делиме неизмерна болка и длабоко сочувствуваме со семејствата на загинатите тинејџери. Нашата заедница се соочува со огромна загуба, напиша претседателот на Општина Рожаје, Рахман Хусович.
Несреќата се случи синоќа околу 22 и 30 часот. Тројца малолетници загинаа, а едно лице се стекна со тешки телесни повреди и во моментов е хоспитализирано.