Вести Свет Топ вести

Сеул: Пјонгјанг истрела балистичка ракета кон Источното Море

Јапонија и Јужна Кореја денеска известија дека Пјонгјанг истрелал најмалку една балистичка ракета кон Источното Море. Ваквата реакција на Ким Џонг Ун доаѓа во пресрет на најавените воени вежби меѓу САД и јужниот сосед.

Јапонското Министерство за одбрана соопшти дека Пјонгјанг извршил „можно лансирање балистичка ракета“, без да даде дополнителни детали.

САД и Јужна Кореја се подготвуваат за симулациски вежби следната недела во Вашингтон и разговараат за мерките што треба да се преземат во случај Пјонгјанг да употреби нуклеарно оружје.

Северна Кореја вчера се закани дека ќе одговори со „невидени“ контрамерки на идните американско-јужнокорејски маневри, сметајќи ги како подготовки за вооружен конфликт.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, кој ја презеде функцијата во мај 2022 година со ветување дека ќе заземе цврст став во однос на Пјонгјанг, го зголеми бројот на заеднички воени вежби со САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе