Вести Свет Топ вести

Експлозија покрај огнот на кој се грееше турскиот министер за здравство заедно со спасувачите

Турскиот министер за здравство Фахретин Коча избегна повреда откако се случи експлозија додека се грееше покрај оган, при посетата на спасувачките тимови во јужната провинција Хатај. Додека Коча разговараше со присутните, одекна експлозија од огнот покрај кој стоеше заедно со спасувачите. Турските медиуми објавија дека министерот во инцидентот поминал без повреди по што ги продолжил посетите на спасувачките тимови во регионот.

Според последните податоци, над 43.000 луѓе загинаа, а повеќе од 110.000 се повредени во катастрофалните земјотреси кои ги погодија Турција и Сирија на почетокот на месецов. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја опиша трагедијата како „катастрофа на векот“.

Нов силен земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер синоќа го погоди централниот дел на Турција, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.. Епицентарот на потресот бил во близина на градот Антакја, на длабочина од 19 километри. Земјотресот се почувствувал и во Сирија. Ова е 32-ри земјотрес што ја погоди земјата во последните 69 часа. Засега нема информации за нови оштетувања и жртви. Владата во Турција соопшти дека најмалку 56.000 згради се непогодни за живеење – или уништени или премногу оштетени за луѓето да можат да се вратат и се ставени на листата за уривање… Во овие објекти претходно живееле повеќе од 225.000 станари. Во Самандаг и Сутаси, земјоделски села во близина на медитеранскиот брег на Хатај, жителите ги напуштија своите оштетени домови и сега живеат во пластеници што се користат за одгледување домати.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе