Вести Свет Топ вести

Генерал Мајли – војната ќе заврши на преговарачка маса, ниту Русија може да ја „прегази“ Украина, ниту Украина може да ги истера Русите

Генерал Мајк Мајли, шеф на американскиот Генералштаб, истакна дека ниту Русија, ниту Украина, веројатно нема да ги постигнат своите цели во војната која, според негово уверување, ќе заврши на преговарачка маса.

„Пентагон ги преиспитува своите залихи на оружје и можеби ќе треба да ја зголеми воената потрошувачка, со оглед на брзото користење на муниција за време на војната во Украина“, рече Мајли во интервју за „Фајненшл тајмс“, пренесува „Гардијан“.

Иако исцрпувањето на залихите не е поврзано со поддршката за мировни преговори, Мајли изјави оти и натаму верува дека војната ќе заврши со преговори.

„На Русите ќе им биде, речиси, невозможно да ги постигнат нивните политички цели со воени средства. Малку веројатно е дека Русија ќе ја „прегази“ Украина. Тоа едноставно нема да се случи“, потенцира Мајли.

Тој додаде дека ќе биде „многу, многу тешко за Украина да ги исфрли Русите од секој сантиметар на нејзината територија кој е под руска окупација“.

„Не значи дека такво нешто е невозможно, но исклучително е тешко. За такво нешто е потребен колапс на руската војска“, заклучи американскиот генерал.

Мистериозна смрт на службеничка во руското Министерство за одбрана – паднала од прозорец, документите и личните работи ги оставила на тераса

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе