Вести Свет Топ вести

Кулеба: На 24 февруари на Путин ќе му биде испратен многу јасен сигнал

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба изјави дека ќе биде испратен „многу јасен сигнал“ до рускиот претседател Владимир Путин на 24 февруари, на годишнината од рускиот напад врз Украина.

Кулеба, одговарајќи на прашањето за акциите за поддршка на Украина до 24 февруари, рече дека ќе има различни настани во ОН, во Киев и во многу светски метрополи и оти тоа ќе испрати многу јасен сигнал до Путин дека сериозно греши ако игра на исцрпеност и смета дека времето е на негова страна, бидејќи единството со Украина расте секој ден.

Кулеба оцени дека е многу важно што американскиот претседател Џозеф Бајден ќе ја посети Полска од 20 до 22 февруари, но додаде дека не се работи само за таа посета, туку за неколку настани во различни градови, чиј ефект ќе биде кумулативен.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Се е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе