Кошарка Спорт

Лејкерс без Леброн Џејмс славеа кај шампионот, Јокиќ го запиша 20-тиот трипл-дабл сезонава

Лос Анџелес лејкерс конечно ја прекинаа лошата серија од три порази по ред и славеа на гостувањето кај шампионот Голден Стејт со 109-103 во натпревар во кој недостигаа првите ѕвезди на двата тима, Леброн Џејмс и Стеф Кари поради повреди.

Денис Шредер ги предводеше гостите со 26 поени, но одличен натпревар имаше и повратникот во составот Дианџело Расел со 15 поени, шест асистенции и пет скока.

Никола Јокиќ го запиша 20-тиот сезонски трипл-дабл и го однесе ослабениот Денвер до триумф од 119-105 на гости кај Шарлот. Српскиот центар имаше 30 поени, 16 скока и 10 скока, а Нагетс беа без Арон Гордон и Џамал Мареј.

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг го одиграа првиот натпревар заедно, но Далас загуби со 133-128 од Сакраменто во продолжение. Ирвинг имаше 28 поени, Дончиќ 25, но ова беше натпревар на Деарон Фокс од Кингс, кој реализираше 36 поени.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Бруклин – Филаделфија 98-101
Орландо – Мајами 103-107 (продолжение)
Вашингтон – Индијана 127-113
Атланта – Сан Антонио 125-106
Њујорк – Јута 126-120
Кливленд – Чикаго 97-89

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе