Вести Свет Топ вести

(Видео) Сириско момче се сними под урнатините: Не знам дали ќе преживеам, ако го споделите ова видео, може ќе ме најдат

Ужасно видео на сириско момче кое се сними под урнатини од катастрофалниот земјотрес стана вирално на социјалните мрежи. Во него вели дека не знае дали ќе преживее, но ако се сподели пораката, се надева дека спасувачки екипи, сепак, ќе успеат да стигнат до него.

Го снимам ова водео. Не знам дали ќе преживеам или умрам. Ако ова видео се сподели, можеби ќе значи дека некој ќе ме најде, рече тој во видеото.

Вели дека оној што не доживеал таква ситуација, не може да знае низ што тој минува во моментот.

Не можете да го знаете ова чувство, ако не сте го доживеале ова. Ова можат да го разберат само оние кои биле под урнатини“, порача тој во видеото и додаде дека во зградата во која што живеел пред земјотресот, биле уште три-четири семејства.

Снимката е прекината, но содржната што успеал да ја направи, масовно се споделува по социјалните мрежи. Сириските власти и спасувачки екипи не објавија дали може да стигнат до него, а ниту тој повеќе не се огласи.

Бројот на загинати во Турција и во Сирија, по двата разорни земјотреса, надмина 11.000 луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе