Вести Свет Топ вести

Русија повторно негира дека гранатира станбени објекти, додека бројот на жртви во Днипро се искачи на 40

Русија не напаѓа станбени згради или јавна инфраструктура, тврди портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, откако украинските власти соопштија дека бројот на загинати во гранатирањето на зграда во градот Днипро се искачи на 40 лица. Властите во Киев соопштија дека во нападот биле повредени уште 75 цивили, додека по неколку лица сѐ уште се пребаруваат урнатините.

Песков, за гранатирањето на зградата, ја обвини украинската противвоздушна одбрана и ги критикуваше западните земји, кои по нападот, најавија дека на Украина ќе ѝ достават понапредно оружје, тврдејќи дека тоа нема да ја промени ситуацијата на терен.

„Треба да го разберат тоа. Само ја продолжуваат приказната и ги продлабочуваат проблемите на украинската држава. Всушност, се сомневаме дека тие воопшто се загрижени за судбината на луѓето кои живеат во Украина и за нивната иднина. Едноставно, тие ја користат земјата како инструмент за остварување на нивните антируски цели“, вели Дмитриј Песков, портпарол на претседателот на Руската Федерација.

Путин од своја страна, тврди дека „специјаланта операција“ се одвива според планираното.

„Динамиката е позитивна. Сѐ се одвива според планот на Министерството за одбрана и Генералштабот. Се надевам дека нашите борци уште повеќе ќе нѐ израдуваат со резултатите од својата воена работа“, порача рускиот претседател, Владимир Путин

Во меѓувреме, Киев продолжува со тврдењето дека украинската армија сѐ уште ги држи своите позиции во Соледар, за кој Москва минатата недела соопшти дека паднал во рацете на руската армија. Расте тензијата и на северната граница на Украина, каде што денеска Русија и Белорусија започнаа вежби на воздухопловните сили, што ги зголемија стравувањата на Киев и Западот дека Минск би можел да се вклучи во војната.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Следува период на стабилно, сончево и топло време – Временска прогноза за 30.3.2024

Дејан Дејан

Над 20 повредени во автобуска несреќа во западна Германија

Дејан Дејан

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе