Лидерите на партиите на Албанците во Македонија утре ќе одат на вечерен коктел кај албанскиот Премиер Еди Рама.
Тврдат дека не станува збор за работен состанок со утврдена агенда, и не ги откриваат темите за разговор.
Дел од албанските аналитичари велат дека ова не може да се толкува како мешање во внатрешните работи на Македонија.
Единствено од движењето БЕСА се уште размислувааат дали ќе одат во вторник во Тирана, иако велат дека сакаат да одат кај Рама се двоумат дали сакаат да седат на иста маса со Ахмети.
Другите лидери на партиите на албанците, за Телма потврдија дека ќе одат на средбата, но без да ги кажат темите за разговор.
Хајредини: Нема потреба од никаква средба во Тирана
А откако дел од албанските партии во земјава потврдија дека ќе одат на средбата во Тирана во организација на албанскиот премиер Еди Рама, со реакција излезе поранешниот министер Џевдет Хајредини.
Според него, прозадпадната ориентација на сите Албанција во Македонија е јасна и затоа нема потреба од одржување средби во Тирана.
„ЕУ и САД постојано од двете држави бараат од политичката сцена да ги оддалечат корумпираните политичари, а не да се сликаат со Еди Рама во Тирана“, напиша Хајредини во статус на својот Фејсбук профил.