Вести Македонија Топ вести

Сали во „Вин-Вин“ за проектот нов Клинички центар: Прво опозицијата стави вето, потоа и дел од владата, а идејниот концепт е прифатен од сите

Во претходниот проект што беше понуден за нов Клинички центар, прво вето стави опозицијата и немаше политички консензус. Второ вето стави дел од владата каде можеби не биле усогласени во начинот на финансирање на проектот и тоа се две огромни пречки за еден таков проект, посочи Беким Сали, министер за здравство, во вечешното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.

„Во изминатите 15 години, вистина е дека секој министер доаѓа со ветување дека клиничкиот центар ми е приоритет и ќе најдам решение. Морам да признам, јас потрошив околу шест-седум месеци во преговори, разговори, состаноци со сите чинители во политичкиот блок. Вклучив членови на власта и на опозицијата во работна група која што требаше да донесе политички консензус за приоритет Клинички центар. Во меѓувреме, капацитетот на постоечкиот Клинички центар и капацитетот на планот што бил направен за универзитетскиот клинички центар во Скопје не се согласува со трансферирање од еден капацитет во друг, затоа што во дело во кој имате околу 2.000 нови пациенти кои ви доаѓаат од надвор од Скопје на дневно ниво, со еден таков наплив, ние навиките нема да ги смениме. Само локација ќе смениме“, вели Сали.

Целта на сето ова, вели министерот за здравство, е универзитетски клинички центар да биде, навистина терцијарно ниво, каде што ќе имаме развој на трансплантација, итн.

„Идејниот концепт е претставен пред сите политички партии и прифатен е од сите страни, без разлика дали јавно ќе го кажат или не, или пак премолчено ќе го поддржат. Клиничкиот центар, по сите анкети, има поддршка од 70 отсто од населението“, истакна Сали.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе