Вести Свет Топ вести

(видео)Во судирите меѓу навивачите на Франција и Мароко загина момче во Монпеље, приведени се стотина навивачи

Момче загина во францускиот град Монпеље поради судирите меѓу навивачите на Франција и Мароко по полуфиналето на Светското првенство.

Во соопштението објавено од канцеларијата на локалната самоуправа се вели дека момчето вчера било „насилно удрено“ од автомобил.

Тој бил префрлен во болница, но набргу по пристигнувањето починал. Возилото е пронајдено во близина на местото на настанот, а полицијата врши увид.

Претходно Франција го совлада Мароко со 2:0, а авивачите на Франција и на Мароко се судрија и во Париз.

Околу стотина навивачи синоќа беа приведени во Брисел поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување забранети огномети.

Мароко стана првата селекција од Африка која стигна до најдобрите четири на Светското првенство, откако ги исфрли Шпанија во осминафиналето и Португалија во четвртфиналето. Ја победија и Белгија во групната фаза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со попладневна локална нестабилност – Временска прогноза за 9.6.2025

Дејан Дејан

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе