Русија ќе му помогне на Белград да ги брани своите национални интереси во врска со Косово и Метохија врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, соопшти портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова.
Таа истакна дека Москва е вознемирена од новото заострување на ситуацијата и дека деноноќно ја следи ситуацијата… Тензиите на Косово според Москва по низата провокации од страна на „властите“ во Приштина, кои почнаа со строги репресии над Србите на Косово, со употреба на директно етнички мотивирано насилство, се со дозвола од Соединетите Американски Држави и Европската Унија.