Вести Свет Топ вести

Борел: Ситуацијата во Косово е неприфатлива, побарав ЕУЛЕКС да се засили

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, синоќа од Брисел изјави дека моменталната ситуација на Косово е неприфатлива и затоа од земјите членки на ЕУ побарал, доколку е потребно, да ги зајакнат своите капацитети во рамки на мисијата ЕУЛЕКС.

Борел кажа дека „од август регионот живее во маѓепсан круг на тензии, провокации и акции што ескалираа во последните неколку дена и предизвикаа сериозни безбедносни инциденти.

Тој, исто така, кажа дека неодамна ревидираниот предлог на ЕУ, поддржан од Германија и Франција, што беше проследен до Белград и Приштина, сега има „силна поддршка“ од сите 27 членки на Унијата.

Шефот на дипломатијата на ЕУ изрази надеж дека Белград и Приштина ќе се заложат за деескалација на ситуацијата и враќање на дијалогот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје за мене е емотивна територија, тука имам многу пријатели, полиција да ме бара, знам каде би се сокрил – Бреговиќ во интервју за Телма

Дејан Дејан

Струмичкиот театар се градеше, речиси, 12 години, а треба да се реконструира пред да почне со работа

Дејан Дејан

Реновирано одделението за систематски прегледи во ИЈЗ, втора смена за микробиолошки анализи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе