Вести Свет

Рама: Нападите на северот на Косово се за осуда, Белград да влијае на Србите, ЕУ да интервенира

За последните случувања на северот на Косово реагираше албанскиот премиер Еди Рама, осудувајќи ги „нападите и поставувањето блокади”.

– Нападите врз ЕУЛЕКС се за секаква осуда без двоумење, како што е за осуда секој акт на насилство врз косовската полиција. Повторното појавување на барикадите на северот на Косово е во спротивност со секој закон и со секој дух на дијалог и не само што не решава ништо, туку напротив дополнително усложнува сè, стои во реакцијата на Рама.

Според него, одложувањето на изборите од страна на косовските власти е сигнал на кој Белград мора одговорно да одговори.

– Одложувањето на изборите од страна на претседателката на Република Косово е значаен сигнал, на кој високите власти на Белград мора да одговорат со ист дух и чувство на одговорност, како не би дозволиле натамошна ескалација на дестабилизирачките акти, посочува тој.

Белград, оценува, мора да го употреби своето влијание врз Србите од северот на Косово.

– Белград мора да го употреби своето влијание врз Србите на Косово, без да ги оправдува нивните постапки, без оглед на причините. За причини се разговара, а не се користат како оружје против полицијата и како барикада против правниот поредок. ЕУ треба итно да свика на дијалог, заклучува Рама во реакцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинувања за дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Урнати два железнички моста во Русија – Москва се сомнева во украинска вмешаност, Киев молчи

Дејан Дејан

Бугарски европратеник со живковистички амандман?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе