Вести Свет

Маж уби тројца во Рим на состанок на сопственици на станови

Тројца се убиени во вооружен напад во кафуле во северниот дел на Рим. Оружениот напад се случил на средба на сопственици на станови во работничката населба Фидене.

Напаѓачот со пиштол ги застрелал жртвите, но присутни на состанокот успеале да го совладаат и да му го земат пиштолот пред пристигнување на полицијата.

-Мажот влезе во објектот и почна да вика „Ќе ве убијам сите“. Потоа веднаш почна да пука. Го совладавме пред да стигнат карабињерите. Напаѓачот ни е познат и порано се закануваше, а беше пријавуван на полицијата за заканите, изјави Лусиана Чиорба, заменик на претседателот на советот на сопственици на станови, за весникот „Ла република“.

Градоначалникот на Рим Роберто Гултиери свика итен безбедносен состанок за понеделник поради како што рече „тешката епизода на насилство што го погоди нашиот град“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинувања за дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Урнати два железнички моста во Русија – Москва се сомнева во украинска вмешаност, Киев молчи

Дејан Дејан

Бугарски европратеник со живковистички амандман?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе