Вести Свет Топ вести

Најмалку 24 ирански демонстранти се соочуваат со смртна казна

Најмалку 24 Иранци се соочуваат со смртна казна за учество во протестите во кои ја критикуваа владата, наведено е во извештајот објавен денеска.

Иранскиот дневен весник „Етемад“, објави список составен од судските власти на кој се наведени 25 демонстранти обвинети за „водење војна против Бог“, обвинение кое се казнува со смрт според исламскиот закон.

Раперот Мохсен Шекари, кој исто така е на списокот, обвинет за напад на чувар со оружје, поттикнување тероризам и блокирање на пат, беше погубен во четвртокот.

Правосудните органи најавија дека егзекуциите ќе продолжат.

Сепак, во извештајот, „Етемад“ апелираше до судот да ги преиспита смртните казни и да избегне понатамошни егзекуции.

Егзекуцијата на Шекари наиде на остра осуда во Иран и во странство. Но, политичките лидери на Иран, вклучително и претседателот Ебрахим Раиси, ја опишаа егзекуцијата како легитимен одговор на немирите низ целата земја.

Во меѓувреме, Иранците во странство планираат да одржат серија протестни собири на крајот на неделата.

Протестите беа предизвикани од смртта на иранската Курдка Махса Амини на 16 септември. Таа почина во полициски притвор откако беше уапсена поради кршење на исламскиот кодекс на облекување.

Покрај меѓународните санкции поврзани со иранската нуклеарна програма, Техеран сега се соочува и со санкции за кршење на човековите права.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе