Вести Македонија Топ вести

Габер-Дамјановска реизбрана за директор на Академија за судии

За неполн час, управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители одлучи дека, досегашната директорка, Наташа Габер Дамјановска треба да остане во оваа фотелја уште четири години.

За неа гласаа осум од членовите, само претставничката од Министерството за правда, Валентина Шаурек, беше воздржана. За нејзиниот противкандидат, Ненад Савевски, од Основниот кривичен суд-Скопје, петмина беа против, тројца за, а еден беше воздржан. За судијата Андреј Димовски од  Граѓанскиот суд Скопје, чија кандидатура пристигна последна, по пошта, сите гласаа против.

Судијката Емилија Шопар-Јованова, отпадна од конкуренција, затоа што немаше меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, што беше  услов во огласот.

Пресудно за реизборот на Габер, биле нејзините резултати во досегашното работење.

Габер-Дамјановска е поранешна уставна судијка и директорка на Институтот за социолошки и политички правни истражувања, а за директор на Академијата прв пат беше избрана во ноември 2018 година.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе