Со двајца „Вардарци“ во студиото, капитенот Дарко Мицевски и спортскиот директор Александар Бајевски викендов ги сумираме впечатоците од прославата по повод 75 години од формирањето на ФК Вардар и 35 години од формирањето на навивачката група Комити.
Во пренесуваме каква беше атмосферата на „Градски“ и низ улиците на Скопје.
Дознаваме колкава е жртвата но, истовремено и колку е голема честа и одговорноста да се носи „Црвено-црниот“ дрес, во деновите кои се тешки за клубот но постои голема цел: Вардар да опстане и да се врати онаму каде што припаѓа, во Првата македонска фудбалска лига.
Ги коментираме и интересните случувања на Светското фудбалско првенство, харизмата на дел од селекциите и играчите, а и за тоа кои се фаворитите за освојување на најпрезтижната фудбалска титула.
Гледајте Ферплеј со Јана,
Недела, во 16:15 на Телма.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.