Вести Македонија Топ вести

Повеќе од половина век вкупни затворски казни за убиството на ракометарот Денис Тот

„Обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски се осудува на казна затвор во траење од 18 години, во која казна согласно член 47 од Кривичниот законик, му се засметува и времето поминато во притвор, сметано од 13.04.2022 година“ пишува во дел од пресудата. 

Со гримаси и во неверување, првообвинетиот Ѓорѓиевски ја слушна пресудата – казна затвор од 18 години. Исто толку години доби и Клементина Лефковска, а заради олеснителните околности и искрено каење, Андреј Костовски доби две помалку – 16 години затвор.

Емотивно и со негодување реагираа присутните роднини на обвинетите пред судницата, во плач и со коментари за неправда откако ја слушнаа пресудата.

Судот одреди обвинетите да останат во притвор, сѐ до правосилност на пресудата откако обвинителката побара да продолжи мерката заради опасност од бегство. Обвинетите и нивните адвокати побараа домашен притвор.

„Бев под дејство на антидепресиви, бев изгубен неколку дена меѓутоа кога дознав дека полицијата мене ме бара, јас сам се пријавив и сам дојдов во притвор, а не сум бил во бегство. Ако сум бил во бегство, немаше да бидам денес тука. Барам поблага мерка меѓутоа знам дека нема да ја добијам, така што не е проблем – ќе останам во притвор“, РЕЧЕ ОБВИНЕТИОТ Анџело Ѓорѓиевски.

 

„И јас самата се пријавив, не правев никаков проблем и кога го извршив делото имав 18 години“, РЕАГИРАШЕ ОБВИНЕТАТА Клементина Лефковска.

Одбраната на тројцата обвинети најави жалби за квалификацијата на делото и за висината на казните. Драконска а казната, рече еден од адвокатите, а сите се согласни на ставот дека немало умисла кај сторителите на делото.

Обвинителката Тања Трајчевска е задоволна од оценувањето на фактите.

„Казната е во рамки на законски предвидената казна и таква е одлуката на судот. Фактите се правилно оценети, да“, СМЕТА ОБВИНИТЕЛКАТА Тања Трајчевска. 

 

„Секако дека ќе ја обжалиме пресудата – како по основот, така и по висината на казните“, ИЗЈАВИ АДВОКАТОТ Еленко Миланов – Одбрана на Андреј Костовски.

 

„Не можам да ви кажам според кои околности ќе поднесеме жалба затоа што треба да ја добиеме пресудата во писмена форма. Веројатно ќе биде во делот на правната квалификација. Не постои ниту најмал сомнеж дека постои умисла кај обвинетите, но таков е ставот на судот“, ИЗЈАВИ АДВОКАТОТ Иле Танев – Одбрана на Анџело Ѓорѓиевски.

Судот го прифати барањето на семејството на ракометарот Денис Тот и им досуди отштета од 9 милиони денари поединечно на мајката и таткото, а по 8 милиони денари ќе добие неговиот брат од секој од обвинетите.

Критичната ноќ на 7 април годинава, пред ноќен клуб во Градскиот парк и по кратка расправија, тројцата обвинети му нанеле повеќе удари на Тот, а со тоа и тешки телесни повреди од кои кај оштететниот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се наведува во обвинителниот акт.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кос: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

Дејан Дејан

Која е втората истрага за тајните служби во Македонија

Дејан Дејан

Македонија ќе бара помош од САД во поглед на евроинтеграциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе