Вести Македонија Топ вести

Шест часа утре без струја Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река

Во периодот од 09:15 до 15 часот утре без електрична енергија ќе бидaт жителите на целото дебарско подрачје.

Како што информираа од ЕСМ, прекинот е поради редовните годишни планирани активности во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар.

Ќе бидат реализирани планирани редовни годишни испитувања на релејната заштита на регулациониот трансформатор (РТР) 110/35 kV во ХЕ „Шпилје“, профилактички испитувања на 110 kV Блок трансформатори и 110/35 kV РТР oд страна на надворешен извршител, како и редовни годишни ревизиски активности од службата за електро машинско одржување (СЕМО) на ХЕС „Црн Дрим“, соопштија од ЕСМ.

Дебарското конзумно подрачје, ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, кое во целина опфаќа повеќе од дванаесет илјади потрошувачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува топлотниот бран, денеска до 41 степен

Дејан Дејан

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе