Вести Македонија Топ вести

Владата го разреши државниот правобранител Стафа откако самиот поднел оставка поради лични причини

Владата соопшти дека го разреши државниот правобранител, Фехми Стафа. Тој поднел оставка од функцијата од лични причини, како што е наведено во денешниот негов допис до владата.

На денешната владина седница назначен е нов директор на Управата за финансиска полиција.

На местото на досегашниот, Арафат Муареми доаѓа Горан Иванов, вработен во управата.

На денешната владина седница разрешен е државниот правобранител Фехми Стафа, потврдија од владата. Неговиот мандат истекол вчера а на денешната седница не е назначен нпв државен правобранител.

Од владата велат дека ќе се распише оглас за избор на нов човек на таа позиција.

Стафа пак денеска поднел неотповиклива оставка до владата од лични причини.

Инаку Стафа пред неколку месеци поднесе кривична пријава за неуспешната конфискација за случајот Трансмет, против обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, како и досегашниот директор на финансиската полиција, Арафат Муареми. Во кривичната пријава што ја објави КОД на Телма, правобранителството оцени дека тројцата заедно со Сеад Кочан овозможиле префрлање на имот, додека траела истрагата за Трансмет во СЈО.

Обвинителството ја истражува и неговата улога, односно на државното правобранителство, во случајот со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан а Муареми преку финансиската полиција покрена повеќе постапки за Стафа, меѓу кои и за вработување на несудената конзулка Бесмира Ејупи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија добива републичка пожарна со пренаменети армиски и полициски возила

Дејан Дејан

Продолжува потрагата по исчезнатите во Тексас – најмалку 51 загинат, меѓу нив 15 деца

Дејан Дејан

ЦУК: Три активни пожари на територијата на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе